Поранешен агент 007 препорачува жена да го игра Џејмс Бонд

46

Пирс Броснан, кој ја играше улогата на агентот 007 од 1994 до 2005 година, се вклучи во дебатата за тоа дали би имало смисла во филмовите за Џејмс Бонд да глуми жена.

– Мислам дека доволно долго, дури четири децении, ги гледавме типовите кои го играат Бонд. Тргнете се фраери, пуштете жена да игра! Мислам дека тоа би било одлично, би било многу возбудливо – изјави Броснан за „Холивуд рипортер“.

Броснан додаде дека се сомнева дека ќе видиме актерка во улогата на Бонд покрај живите Броколи, мислејќи на продуцентите Тони и Барбара Броколи.

Во моментов, Даниел Крег ја толкува улогата на најпознатиот таен агент, но филмот „No time to diе“ ќе биде последен пат да го гледаме во таа улога.

„No time to die“ е јубилејно 25. остварување за Џејмс Бонд, а во киносалите пристигнува во април 2020 година.