Помладиот брат на Кејт Мидлтон открива како пчеларството му помага

175
Џејмс Мидлтон и неговата свршеница Ализе заедно се занимаваат со пчеларство

Џејмс, помладиот брат на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, откри дека неговото ново хоби пчеларството, го споделува со неговата свршеница Ализе. Парот мораше да ги одложи нивните планови за венчавка поради пандемијата од коронавирусот. За „Дејли мејл“, тој напишал како го поминува времето, како пчеларството му помогнало да ги надмине вознемирувачките битки со менталното здравје.

– Јас пишував во „Дејли мејл“ за клиничката депресија што првпат ја почуствував во 2016 година. Една од моите стратегии за справување е пчеларството. Го гледам тоа како активна форма на медитација, шанса да избегам од менталниот немир. Кога сум со пчелите, се чини како некој да го притиска копчето за исклучување на сè што ме загрижува – наведе Џејмс Мидлтон.

Toj објаснува колку е задоволен што ја убедил свршеничката да му се придружи, додавајќи дека неговата љубов кон пчеларството започнала уште на млада возраст како обожавател на мечето Вини Пу, ликот од книгите на англискиот писател Александер Ален Милн.