Полицијата бркала престапник, влетала во змиско дувло (видео)

2207

Полицијата во САД пронашла над стотина змии, глувци и други мали животни, меѓу кои некои и мртви, во подрум на куќа во Вест Бенд, Висконсин.

Полицијата животните ги открила додека вршеле истрага за осомничен за сексуален напад.

Властите на Вест Бенд соопштија дека полицајците во таа куќа пронашле 160 змии, повеќе од 250 глувци, како и гуштери и жаби. Змиите биле долги од 15 до 61 сантиметар.

Многу од животните биле во лоша состојба, а отстранети биле и неколки мртви змии и глувци.

Осомничениот, 42-годишен маж е уапсен на основа на прелиминарното обвинение за сексуално насилство и злоупотреба. Се очекува против него да биде покренато обвинение и да дополнителните претстапи.