Познати првите десет учесници во финалето на „Евровизија“

699

Во „Експо“ центарот во Тел Авив вечерва се одржа првото полуфинале од овогодинешното издание на популарниот фестивал „Евровизија“.

Изведувачите од Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија успеаја да се пласираат во финалето кое е закажано за в сабота.

Нашата Тамара Тодевска со песната „Proud“ ќе ја претставува Македонија во второто полуфинале, кое е закажано за в четврток.