Поделбата на лото-милионите во САД не признава разделба без развод

35

Рич Зеласко од Детроит, САД, кој за време на неговиот развод освои повеќе од 30 милиони долари на лото, мора да ја подели добивката со неговата поранешна сопруга, пренесува „Њујорк пост“.

Според апелациониот суд во сојузната држава Мичиген, бракот не е завршен додека целосно не заврши правната процедура. Тоа значи дека на Мери Бет Зеласко ѝ припаѓаат 15 милиони долари од добивката, и покрај тоа што таа и Рич биле разделени две години кога тој го купил добитното лото ливче во 2013 година. Нивниот развод не бил конечен сѐ до 2018 година.

– Рич имаше среќа, но тоа е негова среќа, а не на Мери – изјавил адвокатот на Рич Зеласко.

Арбитерот Џон Милс се изјаснил дека лото-ливчето е брачен имот. Апелациониот суд минатата недела не евидентирал грешки во одлуката.