Поголема шанса за младите пејачи на Поп вечерта на „Охридски трубадури“

52

На јубилејниот 25. меѓународен фестивал „Охрид фест-Охридски трубадури“, што ќе се одржи на 6,7 и 8 септември ќе настапат над 80 изведувачи. Покрај МРТ, фестивалот ќе го пренесуваат уште седум балкански телевизии и австралискиот сателитски канал ИНТВ.

Подготовките за фестивалот се во завршна фаза. Од денес на кејот од Охридското Езеро, пред хотелот „Нова Ривиера“ почнува монтажата на големата сцена, поставување на озвучувањето и на светлосните ефекти.

Комплетирани се списоците на пејачи и песни кои ќе бидат преимерно изведени на Фолк, Поп и на Интернационалната вечер. Во рамките на Поп вечерта, додека жиријата гласаат, свое шоу ќе има познатиот бизнисмен Трифун Костовски, голем љубител и подржувач на музиката. Песните од Поп Фолк вечерта ќе се најдат на цедиес што ќе ги сними „Сенатор“ од Битола.

На Поп вечерта поголем простор за афирмација ќе и биде дадена на новата млада и надежна генерација пејачи.

Осумнаесетте фестивалски песни ќе ги слушнеме во изведба на: Рената Блажевска, Анастасија Аврамовска, Симеон Коруноски, Горан Наумовски, дуетот „Чоки“, Жармена, Денис Димоски, трио „Џентлменс“, Лени Партикова, Огнен Здравковски, Зои Блаж, Пепа Димовска, Филип Јордановски и други.

Водители на Поп и Интернационалната вечер ќе бидат Марјана Станојковска и Васил Зафирчев.