Погледнете го евровизискиот настап на Тамара Тодевска во Тел Авив

1406

Македонската претставничка Тамара Тодевска го имаше својот настап со песната „Proud“ во Тел Авив, Израел, во втората полу-финална вечер на 64-от Избор на песна на Евровизија. 

Aвтори на песната „Proud“ на англиски јазик се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на писателот Коста Петров, кои се дел од евровизискиот тим во Израел.

Мотото на годинашниот евровизиски избор е „Осмели се да сонуваш“. Во финалето ќе се пласираат 10 од 17-те учесници во втората полуфинална вечер.