Повторно отворен музејот „Прадо“

241

Шпанскиот национален музеј „Прадо“ во Мадрид денеска е повторно отворен по речиси три месеци карантин, воведен поради епидемијата на коронавирус, но бројот на посетители ќе биде ограничен.

Најголемиот музеј во Шпанија до 13 септември претставува посебна изложба наречена „Враќање“ со над 200 слики од својата колекција.

Директорот на музејот, Мигел Фаломир изјави дека посетителите мора да носат заштитни маски и да ги почитуваат другите санитарни мерки.

Засега нема странски туристи и се уште не се дозволени групни посети.

Посетителите повторно ќе можат да се воодушевуваат на ремек делото „Малата дворска дама“ од барокниот сликар Дијего Веласкез, како и дела од други сликари од 17 до 19 век.

Во Шпанија денеска повторно се отвораат и други музеи, затворени поради епидемијата на коронавирус.