Пес­ни­те од пр­ве­не­цот на Да­вид Те­мел­ков „Ди­шам за нас“ проз­ву­чи­ја во жи­во

877
Фото: Влатко Богдановски

Има­ше мно­гу емо­ции, бу­ке­ти цве­ќе, пре­гра­тки и среќ­ни ли­ца на синоќешната про­мо­ци­ја­ во Скопје, а Да­вид пре­сре­ќен на си­те са­ка­ше да им ка­же не­кој убав збор. Сепак, сите свои чувства тој најдобро ги изрази преку своите песни

По ус­пеш­на­та про­мо­ци­ја во За­греб, ка­де што мла­ди­от ма­ке­дон­ски пе­јач Да­вид Те­мел­ков ве­ќе не­кол­ку го­ди­ни жи­вее и ра­бо­ти, око­лу 400 при­сут­ни го­сти, в­че­ра­ве­чер во клу­бот „Си­ти хол“ во Скоп­је, имаа мож­ност да ужи­ва­ат во ми­ни-кон­цер­тот на кој Да­вид, во при­друж­ба на бен­дот со кој на­ста­пу­ва во Хр­ват­ска, из­ве­де не­кол­ку ком­по­зи­ции од ма­ке­дон­ска­та вер­зи­ја на сво­јот прв ал­бум „Ди­шам за нас“.

Ма­ке­дон­ска­та про­мо­ци­ја на пр­ве­не­цот на Да­вид Те­мел­ков, кој го из­да­доа ди­ско­граф­ски­те ку­ќи „Хит ре­кордс“ и „Си­ти ре­кордс“, ја отво­ри те­ле­ви­зи­ска­та во­ди­тел­ка Але­ксан­дра Јо­ва­нов­ска.

– Иа­ко во Хр­ват­ска Да­вид ве­ќе по­ка­жа што се знае и умее и за­греп­ска­та пуб­ли­ка не­ка­ко си го при­свои, ние не го да­ва­ме. Тој е на­ша гор­дост, наш ам­ба­са­дор, а не­го­ва­та вред­ност ја пре­поз­наа и поз­на­ти хр­ват­ски авто­ри, пред сѐ Ми­рос­лав Рус, кои се пот­пи­шу­ва­ат на по­ве­ќе­то пес­ни на ал­бу­мот, но автор на не­кои од нив е и са­ми­от Да­вид. Ка­ко што ве­ли тој, на до­ма­шен те­рен се­ко­гаш е по­те­шко, би­деј­ќи од­го­вор­но­ста е по­го­ле­ма ту­ка, но се на­де­вам де­ка за си­те нас, а осо­бе­но за не­го ова ќе би­де по­себ­на ве­чер – ре­че во нај­а­ва­та Јо­ва­нов­ска.

Да­вид, кој се по­ја­ви на сце­на­та, за­ед­но со чле­но­ви­те на сво­јот бенд, за­си­лен со са­ксо­фо­ни­стот Го­ран Па­паз, бе­ше бур­но поз­дра­вен од мно­гу­број­ни­те при­сут­ни, кои дој­доа со не­го да ја спо­де­лат ра­до­ста.

– Ви бла­го­да­рам на си­те што ме по­че­сти­вте со ва­ше­то до­а­ѓа­ње. Пред да ја за­поч­нам оваа ве­чер му­зич­ки, им упа­ту­вам бла­го­дар­ност на си­те што ми по­мог­наа во ор­га­ни­за­ци­ја­та на оваа про­мо­ци­ја, на ме­ди­у­ми­те што ме под­др­жаа, но и на си­те што ми по­мог­наа да го ос­тва­рам сво­јот сон – ре­че Да­вид поз­дра­ву­вај­ќи ги го­сти­те.

Тој до­да­де де­ка се­кое до­а­ѓа­ње во Ма­ке­до­ни­ја се пол­ни со ду­хов­на енер­ги­ја и си ја пол­ни ду­ша­та со љу­бов во ма­на­сти­рот „Рај­чи­ца“ и во Би­гор­ски­от ма­на­стир. На­ед­но тој им се заб­ла­го­да­ри на мо­на­си­те, мо­на­хи­њи­те и на не­го­ви­от ду­хо­вен та­тко, отец Пар­те­ниј, кои исто та­ка го по­че­сти­ја со сво­е­то при­сус­тво на про­мо­ци­ја­та, и им до­де­ли бла­го­дар­ни­ца. Кон­церт­но­то прет­ста­ву­ва­ње поч­на со нас­лов­на­та ну­ме­ра „Ди­шам за нас“, а по­тоа Да­вид, во при­друж­ба на бен­дот, из­ве­де уште не­кол­ку ком­по­зи­ции од ма­ке­дон­ска­та вер­зи­ја на ал­бу­мот, а на за­до­волс­тво на при­сут­ни­те ја от­пеа и поз­на­та­та ма­ке­дон­ска­та на­род­на пес­на „Јо­ва­но, Јо­ван­ке“.Последна тој ја испеа песната „Чувај ме Боже“, неговата молитва.

А ко­га одек­на не­го­ви­от убав глас, глас­ни­от ап­ла­уз и из­ви­ци­те „бра­во“, беа до­каз де­ка пес­ни­те ќе на­и­дат на убав при­ем и ме­ѓу до­маш­на­та пуб­ли­ка.

Има­ше мно­гу емо­ции, бу­ке­ти цве­ќе, пре­гра­тки и среќ­ни ли­ца на про­мо­ци­ја­та, а Да­вид пре­сре­ќен на си­те са­ка­ше да им ка­же не­кој убав збор. Освен прет­став­ни­ци­те на ме­ди­у­ми­те и не­го­ви­те обо­жа­ва­те­ли, беа дој­де­ни и не­го­ви­те бли­ски род­ни­ни и при­ја­те­ли, кои не кри­е­ја де­ка се гор­де­ат со не­го.

Но­ви­те пес­ни на­ско­ро ќе ги слуш­не­ме и на кон­цер­ти­те со кои Да­вид ќе го про­мо­ви­ра албумот во зем­ја­ва, но и во це­ли­от ре­ги­он.

М.Т.