Перфекционизмот може да влијае негативно на здравјето

117

Луѓето што се украсени со карактеристиката „перфекционисти“ во деловниот свет носат само позитивни конотации. Но кога станува збор за влијанието што може да го има перфекционизмот врз здравјето, резултатите не се позитивни – истражувањата покажаа дека постојаното тежнеење кон совршенство може да влијае негативно на менталното здравје на една личност. Премногу високи и нереални очекувања создава чувство на инфериорност доколку резултатите не се онакви какви што ги замислил поединецот.

Психолозите Гордон Флет и Пол Хјуит од Канада дефинираа три главни нивоа на перфекционизам – оној што е насочен кон самиот себе, оној со кој се соочуваат другите и оној што е ориентиран кон целото општество. Сите видови перфекционизам врз една личност влијаат на ист начин и го нарушуваат нејзиното ментално и физичко здравје, иако некои професори сметаат дека тој што е социолошки ориентиран (кон општеството како целина) е најлош.

Анксиозност, депресија и самоубиствени мисли се само некои од симптомите што може да се појават со текот на времето. Една студија покажа дека 70 проценти од младите луѓе што извршиле самоубиство имале преголеми очекувања од себе. Самокритиката го зголемува процентот на можноста за биполарно нарушување, но и хроничен стрес, што во голема мера може да влијае на здравјето на срцето.