Патувањата резервирани во последен момент најголем тренд во 2021-та

60

Кога зборуваме за патувања, тешко дека оваа година ќе патуваме слободно како порано, без контроли и тестови. Поради фактот што ситуацијата во светот, но и на границите, практично се менува од ден на ден, тешко е да се испланира патување со месеци однапред. Па патувањата резервирани во последна минута ќе станат еден од најголемите трендови во 2021 година.
Истражувањата покажаа дека нашата желба за патување, и покрај ограничувањата и постојаната неизвесност, не е намалена. Многу патници се плашат дека е можно долгорочните планови да не успеат, па оттука е зголемена побарувачката за кратки патувања резервирани во последен момент.
Оваа година се очекува голем број патници да резервираат патувања преку туристички агенции што нудат можност за откажување на резервациите, рефундирање на средствата заради откажувања и преку агенции што нудат веродостојни информации за санитарната состојба на одделните дестинации. Флексибилноста на резервациите ќе биде еден од основните критериуми при избор на годишен одмор, а се очекува и зголемување на резервациите за сместување со понуди во последна минута, со резервации за помалку од една недела однапред.