„Паркленд хоспиталити груп“ одбележа 4 години од своето постоење

36

Вчеравечер во Ресторанот „Фор“ (Four), во присуство на многубројни гости, пријатели и соработници, „Паркленд“ ја одбележи четвртата година од своето постоење.
На големо задоволство на присутните, со свој соло-перформанс во живо настапи светски познатиот виртуоз Влатко Стефановски, продолжувајќи во текот на вечерта со музика во живо со Леана Таќи и пијано и саксофон дуото Никола и Гордан.

Четири неверојатни години „Парк Хотел и Спа“, една година од отварањето на „некст дор парк хотел“, заедно со рестораните „Фор“, „Брик ит“, „Фитнес енд спа парк центар“ и кетеринг услугите, под капата на „паркленд хоспиталити груп“, како едно семејство. Семејство кое од година во година созрева и станува се поголемо, благодарејќи на тимската работа, визија која ја дели целиот тим и успешното чекорење низ сите искушенија и предизвици.

На присутните вечерта им се обрати генералниот менаџер на „Паркленд“, Панајотис Колокатис, кој заблагодарувајќи им се на присутните напомена:
– Паркленд семејството никогаш не престана да чекори напред. Сите поминуваме низ сосема различни околности и нова нормалност периодов, и приватно и професионално, но се додека го користиме овој и секој нареден предизвик како нова можност за напредок и созревавање, успехот е неминовен. Кога велам успех мислам на сите наши вработени, нивната пасија и посветеност и во добри и во тешки мигови, на сите наши клиенти, гости и партнери кои беа со нас и ни ја доверија лојалноста. Голема благодарност за сите. Одиме понатаму – рече Колокатис.

„Паркленд хоспиталити груп“ во изминатиов период интензивно работеше на имплементирање на сите безбедносни протоколи според светски стандарди, со цел на своите клиенти да им овозможи како и досега, максимална сигурност, безбедност и поддршка за сите нивни потреби.
Сите аутлети работат непречено како и досега, со многу новитети во работењето, пред се зајакнати механизми и платформи за подобра контрола на работењето, согласно пропишаните стандарди.