Пантелис Кастанидис очекува победа на 25-те „Охридските трубадури“

88

Пантелис Кастанидис, еден од најнадежните млади пејачи во Грција, ќе настапи на Интернационалната вечер на јубилејните „Охридски трубадури“. Тој со песната „Тора агапао“ се надева дека ќе го повтори успехот на неговата сонародничка Елизабет Христоу, која победи на минатогодишниот фестивал.

Неговата дискографија почнува уште во 2010 година, кога ја објавува песната „Den xero poios eime“, која се пласира на второто место на натпреварот „Евровоис“. Во 2011 г. тој го издава новиот сингл „Vgeno stous dromous“, додека следната година прави нова верзија на баладата од 1980-тите, „Фила ме“ од Рифифи. Неговиот нагорен пат на грчката естрада продолжува со песната „Apo simera“ во 2014 г. Таа долго време се врти на музичкиот канал на МАД ТВ, а беше прогласена и за песна на неделата на грчката Ем-ти-ви.

Во 2017 година учествува во грчкото издание на „Глас“ и избран е да му се приклучи на тимот на познатата грчка ѕвезда Сакис Рувас.
Две години по издавањето на синглот „Прин кала кала“, Пантелис ја снима „Тора агапао“ со која ќе настапи на Интернационалната вечер на 25-от јубилеен фестивал „Охридски трубадури“, како предлог на музичкиот клуб ИНФЕ Грција.