Откриена вековната тајна на „Богородицата на пештерата“ на Да Винчи

557

Откриен е цртеж на Леонардо да Винчи, сокриен повеќе од 500 години под една од неговите најпознати слики „Богородица во пештерата“, соопштија од Националната галерија во Лондон.

Експертите од Националната галерија во Лондон го анализирале делото и откриле дека Леонардо го започнувал, а потоа го оставал цртежот, пред да премине да го слика делото што предизвикува восхит со векови.

Откриени се почетни потези кои ги прикажуваат ангелот и бебето Исус на сликата, како и отпечатоците од уметникот или асистентот, пренесува Си-ен-ен.

Експертите од галеријата велат дека цртежот е откриен затоа што бил изработен од материјал што содржи цинк, видлив под рендгенски зраци, како и со помош на нови хиперспектрални снимки.

Галеријата ја најави изложбата „Леонардо: Искуство и ремек-дело“, која ќе биде отворена во ноември.