Откажано снимањето на римејкот на серијата „Беверли Хилс“

80

Повторното снимање на популарната серија од 1990-тите години „Беверли Хилс 90201“ целосно разочара, пренесуваат странските медиуми.
Поточно, рејтингот на серијата не е задоволителен, и покрај големите очекувања, па по шест епизоди од првата сезона, натамошното снимање е откажано, објави телевизиската куќа „Фокс“.

Просечната оцена на епизодите беше 1,4 за публиката меѓу 18 и 49-годишна возраст и собра вкупно 3,6 милиони гледачи. Меѓу другото, имаше и креативен проблем пред самата премиера, бидејќи неколку од сценаристите поднесоа оставки додека ги пишуваа новите продолженија, со што се забави целиот процес, пишува „Холивуд рипортер“.

Актерките Тори Спелинг и Џени Гарт беа во продуцентскиот тим, заедно со Мајк Чеслер и Крис Албергини. Грин на социјалните медиуми потврди дека новите сезони на серијата се откажани, по прашање на обожавателите дали серијата ќе продолжи да се снима.

Прикажувањето на епизодите започна кон крајот на август, но рејтингот на римејкот на серијата „Беверли Хилс 90201“ воопшто не ги исполни очекувањата.
– Имаме многу приказни што можеме да ги кажеме и би можеле да снимаме сезона по сезона – изјави претходно Тори Спелинг, но по реакциите на јавноста веројатно нема да се случи тоа.