Отворена првата самостојна изложба на Виктор Темелкоски вечерва во Кичево

156
Фото: Зоран Антоски

Пред голем број љубители на убавата уметност, колеги и пријатели, вечерва во изложбениот салон од Центарот за култура во Кичево, беше отворена првата самостојна изложба на младиот вајар од Кичево Виктор Темелкоски, со работен наслов „Сенки-други видувања од/на Улица“.

Темелкоски покрај учеството во две групни изложби, за прв пат вечерва се претстави со своја самостојна изложба, која покрај во родниот град, наскоро ќе биде претставена ширум републиката.

-За оние што не ме познаваат, јас сум Виктор Темелкоски, вајар од Кичево, кој својата прва самостојна изложба ја претстави тoкму вечерва во родниот град. Целата идеја за изложбата беше да се потсетиме на подзаборавената важност на оваа т.н. институција, улицата. Она што таму сме го научиле, како другарување, солидарност, споделување на искуства, организирање за остварување одредени идеи. Добрата посета е мотив повеќе да продолжам по истиот креативен пат и да се дружиме со нови изложби, како групни така и самостојни – потсети авторот Темелкоски.