Орландо Блум ќе го нахсинхронизира принцот Хари во анимирана серија

18

Орландо Блум доби улога во новата пародија со наслов „Принцот“, која ќе се фокусира на шестгодишниот принц Џорџ – внукот на Хари и најстарото дете на војводата и војвотката на Кембриџ.

Проектот е инспириран од популарниот инстаграм-профил на американскиот писател и продуцент Гери Џенети, со главен фокус на младиот монарх.
Страницата на Гери на социјалните медиуми е исполнета со спомени од Џорџ како фрла играчки врз своите браќа и сестри – принцезата Шарлот и 20-месечниот принц Луис, неговиот чичко Хари и тетката – војвотката Меган, нивниот осуммесечен син Арчи и други членови на семејството, вклучувајќи ја и бабата на младиот принц, кралицата Елизабета.

Серијата ќе се емитува на претстојниот нов стриминг-сервис на „Ејч-би-о макс“, а продуцентите не може да дочекаат да видат што ќе донесе Гери на екранот, кој ќе ја напише и ќе ја продуцира серијата и ќе му го позајми гласот на Џорџ.