Оперската ѕвезда Ана Нетребко хоспитализирана поради коронавирусот

63

Публиката е сигурна, но што е со изведувачите?

Оперската ѕвезда Ана Нетребко, руски сопран, е хоспитализирана поради запаление на белите дробови предизвикано од коронавирусот.
– Во болница сум веќе пет дена, ама закрепнувам. Сѐ ќе биде во ред, ѓаволот не е толку страшен како што го опишуваат – напиша Нетребко на Инстаграм.
Во московската болница е примена само неколку дена по настанот во театарот „Бољшој“, со уште еден пејач за кој се покажа дека исто така е позитивен на вирусот. Научниците го окарактеризираа пеењето во затворен простор како ризична активност, а веста ги вознемири светските љубители на операта, кои ја гледаа претставата од првите редови.
Маџим Берин, менаџерот на Нетребко, изјави дека пејачката почнала да се чувствува лошо на 9 септември, а дека сега е во фаза на оздравување.
Нетребко, која инаку живее во Виена, во Русија престојува од 6 септември. Меѓу другото, настапи и на 2 септември во Москва со пијанистот Денис Матсуев, а на 6 и 8 септември се појави во „Бољшој“ со изведба на Вардиевата „Дон Карло“, што беше прва изведба на опера во оваа сала по затворањето поради пандемијата.

Нетребко имаше закажано уште настапи, но тие се откажани откако басот Илдар Абдразаков доби зголемена температура и позитивни резултати на тестот за коронавирус. Следуваше тестирање на преостанатите солисти од претставата, како и на вработените што работеа на неа. Тројца се позитивни на вирусот.
Овој инцидент не е прв што се случи во руските културни институции откако претседателот Владимир Путин ги одобри јавните настапи. Минатиот месец балетот „Марински“ во Санкт Петербург ги откажа настапите откако 30 луѓе во балетот се заразија со вирусот.