Омилените модни брендови на британско кралско семејство ќе прават заштитни маски

76

Модните брендови кои се омилени на британското кралското семејството почнуваат да произведуваат маски за покривање на лице за да ја задоволат зголемената побарувачка, пишува „Експрес“.

Меѓу компаниите е „Жената на вампирот“, која ја носат членови на кралското семејство како Кејт Мидлтон и принцезата Беатрис. Брендовите „Рејчел Рајли“ и „Амаја кидс“ за облека за деца кои ги носат принцот Џорџ и принцезата Шарлот, исто рекламираат заштитни маски.

Британската владата неделава ги повика граѓаните да носат заштитни маски кога користат јавен превоз.

Трендовскиот бренд „Жената на вампирот“ минатата недела, пушти во продажба две верзии на маската за лице од свила, по цена од 35 фунти. Истите се продале во рок од еден ден.

Приходите од продажба на маските се донирани на Светската здравствена организација (СЗО) во солидарниот фонд за борба против ковид-19.