Околу Бермудите откриени десетици непознати морски видови на флора и фауна

612

Научниците од Оксфорд кои го истражуваат морското дно на 300 метри длабочина околу Бермудските Острови, открија десетици досега непознати морски видови на флора и фауна, објави „Дејли меил”.

Меѓу новооткриените видови се мали ракчиња, алги, црн бодликав корал, јагули, риби.

Мисијата е организирана од здружението за проучување на океаните „Нектон”, а морските биолози ангажирани за неа, се од Оксфордскиот Универзитет и од 12 други институти за морски истражувања, вкупно 80 лица.

– Знаејќи дека водите околу Бермудите се веќе доволно истражени, не очекувавме толку многу и толку разновидни нови видови на животински и растителен свет- изјави проф. Алекс Роџерс од тимот научници.