Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

45

Илјадници обожаватели на американскиот музичар Принс, кој почина во 2016 година од предозираност со лекови против болки, побараа од федералните власти повторно да покренат истрага за неговата смрт.

Петицијата ја потпишаа над 6.000 лица и беше упатена до Канцеларијата на американскиот јавен обвинител.

Организаторите на петицијата наведуваат дека повеќе нешта околу смртта на музичарот сè уште не се докрај разјаснети.

Принс почина на возраст од 57 години, а во неговиот организам беа пронајдени многу високи концентрации на фентанил, аналгетик 100 пати посилен од морфиум.

Освен тоа при истрагата во неговиот дом беа пронајдени стотина други лекови против болки од кои бил зависен со години.

Властите по речиси двегодишна истрага соопштија дека не нашле докази врз основа на кои би покренале тужба.

Во меѓувреме семејството на Принс поднесе тужба против неговиот личен лекар Мајкл Шуленберг за несооветно лекување на музичарот.

Освен Шуленберг со тужбата е опфатена и болницата во која лекарот работел.