Норвежаните промовираат живот на отворено

151

Поимот „фрилуфтслив“ не е лесен за изговор, но може да се примени за полесно справување со короната во претстојната зима. Сѐ што е потребно се дебела јакна и автомобил, велат Норвежаните. Познато е дека скандинавците сакаат секој слободен момент да го поминат на отворено во природа. А за време на коронавирусот, овој начин на живот доби голема важност. Норвежаните имаат посебен израз за животот надвор во природа – „фрилуфтслив“.
Ласе Хајмдал е главен секретар во норвешкото здружение за одмор на отворено, познато како „Норск фрилуфтслив“. Тоа, всушност, е голема волонтерска организација што промовира живот на отворено.
– За Норвежаните поголемо значење има каде се наоѓаат, а не што работат. За мене тоа е бегство од секојдневниот стрес, „соба за бегство“. Шумите станаа дополнување на сопствениот дом – вели Ласе, мислејќи и на дивите фројдови, кристално чистите езера и зимзелени борови. Тој трипати неделно практикува живот на отворено.

Типични активности за ваков живот се рибарење, опуштање, планинарење, спиење во лежалка, собирање боровинки. Симбол на живот на отворено е логорски оган, а мантра – човеково право да талка. Сосема е јасно што за време на пандемија го надмина скандинавскиот начин на живот „хиги“, кој значи дружба со пријателите и создавање топла атмосфера во домот.
На почетокот на пандемијата огромна била побарувачката за опрема за поминување време во природа. Овој тренд ја натерал Владата да ги отповика од неплатено отсуство продавниците за камп-опрема и да ги отворат повторно, дури и да вработат повеќе луѓе од вообичаено.

– Со оглед на тоа што доаѓа зима и температурата се спушта под нулата, студенилото е голем предизвик и проблем за многумина. Но може да се изнајми зимска планинарска опрема, која ќе им овозможи на луѓето во секакви услови да поминуваат време на отворено. Менталното здравје е многу важно. Знаете дека депресијата е голем проблем во Норвешка – изјавува Ласе, мислејќи на долгата мрачна зима.
Норвешката влада ги обучува учениците уште од најрана возраст како да се облекуваат на ладно и се обидуваат што е можно порано да влијаат на депресијата. Следно што сакаат е и канцелариите да ги преместат на отворено.