Новооткриениот организам блоб нема мозок, но способен е да учи

134

Зоолошката градина во Париз претстави нов таинствен организам наречен блоб, жолтеникаво едноклеточно живо суштество што личи на габа, но се однесува како животно. Овој нов досега невиден вид нема уста, стомак и очи, а сепак може да ја открие и вари храната. Блоб има речиси 720 рода, може да се движи и покрај тоа што нема нозе или крилја, и се лекува во рок од две минути доколку се преполови.

– Блоб е живо суштество и една од тајните на мајката природа. Она што нѐ изненади е дека тој нема мозок, но сепак е способен да учи. Доколку споите два блоба, едниот може да го пренесе своето знаење на другиот- вели Бруно Дејвид, директор на природонаучниот музеј во Париз, кој работи како дел од зоолошката градина.

Блоб го добил своето име по познатиот научнофантастичен хорор од 1958 година, во кој глуми Стив Меквин, а вонземското суштество блоб консумира сѐ што ќе му се најде на патот.

– Со сигурност знаеме дека блоб не е растение, но не сме сигурни дали станува збор за животно или габа. Се однесува изненадувачки за нешто што личи на печурка – додава Дејвид.