Нови емотикони за вознемиреност

97

Тешките периоди на пандемија, изолација, економска криза и голем број проблеми што ги донесе 2020 година ја натераа непрофитната организација „Јуникод конзорциум“ да создаде нов сет емотикони што ќе помогнат во изразувањето на вознемиреноста.
Новите емотикони се целосно приспособени на хаосот предизвикан оваа година, иако веројатно нема да бидат достапни на нашите мобилни телефони пред 2021 година. Меѓу новите емотикони можете да најдете лице што тешко издишува, лице со спирални очи, лице што извира од зад облаците, срце во оган, како и срце во завои.
Одобрена е и ознаката за додавање брада на кој било емотикон на лицето, машко или женско. Исто така, секој одобрен емотикон ќе биде достапен во различни бои на кожата.