Новите седум светски чуда

275

Во 2007 година беше одржан глобален натпревар за избор на новите седум светски чуда на кој гласаа повеќе од 100 милиони луѓе. Главна причина за организирање на конкурсот беше фактот што освен Големите пирамиди на Египет, останатите светски чуда не беа ништо повеќе од далечни спомени од маглива историја кои можат да се видат само во книги или на Интернет.

Иако повеќето од новите седум светски чуда се многу стари, тие сепак сѐ уште постојат и можат да се посетат.

Спасител Исус Христос (Рио де Жанеиро, Бразил)
Колосеум (Рим, Италија)
Чичен Ица (Јукатан, Мексико)
Кинескиот ѕид (Кина)
Мачу Пикчу (Перу)
Древниот град Петра (Јордан)
Таџ Махал (Агра, Индија)