Новиот „Предатор“ открива зошто вонземјаните се враќаат на Земјата

187

Студиото „Твенти сенчери фокс“ го објави трејлерот за филмот „Предатор: Еволуција“, ново продолжение на франшизата „Предатор“, на режисерот Шејн Блек. Триесет и една година откако Арнолд Шварценегер првпат се соочи со смртоносните вонземјани, кои ги напаѓаа него и неговите борци низ џунглите на Централна Америка, филмот „Предатор“ се враќа на филмското платно.
Овој пат филмот е во рацете на човекот, чиј лик настрада во оригиналното остварување и сега дојде време предаторите да го прават она што ќе им го каже Шејн Блек.
Имено, актерот што глумеше во филмот од 1987 година, сега е косценарист и режисер на „Предатор: Еволуција“, што на приказната ѝ дава сосема нова димензија.
Во филмот, чие дејство се одвива во 2018 година, бивш војник на вооружените сили и припадник на специјалните единици, Квин, извршува платена мисија во Мексико и наидува на мистериозни вонземјани.
Тој успева да им украде електронски справи и да ги испрати во САД на анализа, каде што неговиот син Рори открива дека само вонземјански јазик може да ги контролира. Меѓутоа, ова сознание Рори го изложува на голема опасност.
Квин е подложен на психијатриска перцепција од страна на властите, за да не открие што видел, но успева да побегне со група бивши војници и заминува да го спаси својот син, патем решавајќи уште еден поголем заговор…
Главните улоги ги толкуваат: Ивон Страховски, Едвард Џејмс Олмос, Оливија Мун, Кејс Бракет, Бојд Холбрук, Стерлинг К. Браун, Џејкоб Тремблеј, Томас Џејн, Џејк Баси, Киган-Мајкл Кеј и Алфи Ален.
Се очекува дека филмот ќе понуди неколку изненадувања за долгогодишните обожаватели, вклучувајќи го и објаснувањето зошто ловците-вонземјани повторно се враќаат на Земјата.
„Предатор“ во кината ќе пристигне на 13 септември.