Нова пица „Паскалина“- го продолжува животот и спречува болести

271

Научниците и куварите од Италија тврдат дека направиле пица која спречува рак и срцеви заболувања.

Пицата „Паскалина“, која ја осмислиле научниците во Наполи, се нарекува „пица која го продолжува времето“ и „анти-туморска пица“.

„Паскалина“ е преполна со состојки кои се карактеристични за средоземјето и кои се познати како добри за здравјето.

На пицата нема ниту кашкавал, ниту месо, а преливот вклучува домати, маслинки, маслиново масло, брокули, лук и чили пиперки, пишува Дејли маил. Основата на пицата е составена од пченично брашно.

Научниците од Националниот институт за проучување тумори во Милано, изјавиле дека пицата е доволно здрава и дека може да се јаде два пати неделно.

Италијанскиот сајт „Афар италијани“ објавил дека е собрана група на истражувачи, сопственици на ресторани, проиводители и потрошувачи на храна, со цел да се осмисли оваа пица.