Нова научно-фантастична серија од авторот на „Игра на троновите“

147

Додека љубителите на „Игра на троновите“ ја чекаат последната сезона од својата омилена серија, се појавија трејлери на новата, научно-фантастична серија заснована врз приказна од американскиот писател Џорџ Р.Р. Мартин.

Се работи за неговата новела „Најтфлаерс“ од 1980 година, научно-фантастична хорор приказна којашто самиот автор ја нарекува „Психо во Вселената”.

Судејќи според реакциите на Интернет и на друштвените мрежи – приказната делува ветувачки. Ја следи мисијата на вселенскиот брод „Најтфлаер“ којшто треба да ги истражи најоддалечените делови од Сончевиот Систем. Но, сето тоа се претвора во безмилосна борба за опстанок во затворен простор.

Главните улоги ги толкуваат Гречен Мол, Сем Страјк и Филип Рајс.

Дистрибуцијата на серијата вон Америка ја презема Нетфликс, фирма копродуцент на проектот.