Новата услуга на Фејсбук го внесе Закерберг во клубот на супербогатите

107

Богатството на основачот на Фејсбук, Марк Закерберг достигна 100 милијарди долари, откако социјалната мрежа започна со нова услуга на кратки видеа, пренесе Би-би-си.

Компанијата пред два дена ја промовираше „Инстаграм Рилс“, конкурентна на кинеската апликација „ТикТок“.

Акциите на Фејсбук вчера скокнаа над шест проценти, а уделот на Закерберг е 13 отсто.

Во клубот на супербогаташи со имот над 100 милијарди долари, Закерберг им се приклучи наосновачот на „Амазон“, Џеф Безос и на Бил Гејтс на „Мајкрософт“.

Шефовите на технолошките гиганти во последно време се наоѓаат под лупа заради постојаниот раст на моќта и личното богатство на нивните компании.

„Фејсбук“, „Амазон“, „Епл“ и „Гугл“ се меѓу најголемите победници на карантинот, поради пандемијата на коронавирус, бидејќи сè повеќе луѓе купуваат, се забавуваат и се дружат преку Интернет.

Богатството на Закерберг се зголеми за повеќе од 22 милијарди долари оваа година, а повеќе од 75 милијарди долари на Безос, според податоците на Блумберг.