Новата потпретседателка на САД ќе ја унапреди родовата еднаквост

86

Првата жена потпретседател на државата, Камала Харис, која е со афроамериканско и индиско потекло, ја надминува родовата бариера во политиката. Сто години откако Американките го освоија правото на глас – право претежно ограничено на бели жени – Камала Харис конечно стана првата жена избрана за потпретседател на САД. Потпретседателката Камала Харис е прва на многу начини: прва жена потпретседател; првата црна, индиска личност избрана на оваа функција. Ќерка на имигранти, нејзината победа дава можност за многу маргинализирани заедници да бидат забележани. Таа е прва потпретседателка во расен брак, што го прави нејзиниот сопруг Даг Емхоф, американски Евреин.
Харис е претставничка на сè поголем број жени што се фокусирале на својата кариера, додека бракот и мајчинство се оставени за подоцна во животот. Харис се омажила на 49 години и е маќеа на децата на нејзиниот сопруг.

Нејзината животна приказна, на толку многу начини, го поткопа конвенционалниот портрет на американските жени. Ако сè оди добро со администрацијата на Бајден – Харис, има причина да се верува дека таа исто така би можела за четири години да стане првата жена претседател на нацијата. Траекторијата на Харис до претседателската функција ветува. Откако завршила додипломски студии на универзитетот „Хауард“ и дипломирала на Правниот факултет на Универзитетот во Калифорнија, „Хастингс“, започнала правна кариера. Таа работеше како окружна правобранителка во Сан Франциско и стана прва жена и прва личност со афроамериканско потекло што служела како главен обвинител на Калифорнија. Во последната улога, Харис се залагаше за заштитата на сопствениците на куќи во Калифорнија во кризата со запленување, обезбеди еднаквост во бракот, го заштити Законот за климатски промени во Калифорнија од федерални тужби и го бранеше Законот за достапна грижа.