Јована Здравевска, која има само 13 години и учи во ОУ “Даме Груев”-Битола, веќе подолго време со својот златен глас ги освојува срцата на македонската јавност.

Нејзина прва љубов е виолината, но маестрално свири и на пијано, инструмент со кој често ги изведува своите песни.

Јована е добитник на голем број награди на повеќе фестивали и музички манифестации.

Покрај талент за пеење, свирење на виолина и пијано, Јована на патот кон успехот се служи и со својот талент за глума и одличното познавање на неколку странски јазици.
Јована продолжува да плени со својата уникатност, талент и шарм. Наградите и признанијата се само дополнителен доказ дека ја очекуваат уште поголеми успеси.