Нил Јанг го тужи Доналд Трамп

120

Нил Јанг го тужи американскиот претседател  Доналд Трамп за кршење на авторските права поради употреба на две негови песни во она што уметникот го нарекува „кампања на незнаење и омраза“. Јанг вчера ја објавил копијата од тужбата на својата веб-страница. Судските записи покажуваат дека тужбата е поднесена дента во Јужниот округ на Њујорк, пренесува „Индипендент“.

Нил Јанг поднел тужба против Трамп поради користење на неговите песни во политичката кампања. Тужбата се однесува на песните „Rockin’ in the Free World“ и „Devil’s Sidewalk“, користени на неодамнешниот собир во Тулса.

Нил Јанг го тужи американскиот претседател Доналд Трамп за да спречи пуштање на неговите песни за време на претседателските избори во ноември.

– Организаторот на кампањата нема и немаше дозвола или каква било согласност за време на митингот во Тулса да се користат песните „Rockin’ in the Free World“ и „Devil’s Sidewalk“ на кој било јавен политички настан – пишува во тужбата на Јанг.

Музичарот Јанг бара „со закон пропишана отштета во максимален износ законски утврден за намерно кршење на авторските права“.