Никола Тони го претстави новиот сингл „I love you 2 times“

160

Музичарот Никола Тони од Охрид, деновиве на јавноста и го претстави својот нов сингл „I love you 2 times“, снимен во студиото „Китроз“, а наскоро ќе биде промовиран и спотот за оваа нумера.

– Проектот се работеше четири години и по мала пауза одлучив да го активирам лани, а веќе се работи на видеоспот, што наксоро ќе и биде претставен на јавноста. Испирацијата за песната е од времето кога работев со мојот бенд „Дамар“, во 1995 година. Тогаш направив комбинација на електронска, рок и поп музика – вели Никола Тони.

Во спотот тапаните и перксуиите Тони ќе ги изведува во живо, а видеото ќе биде снимено со најнова аудио-визуелна технологија.

Никола Тони е познат македонски тапанар, музички селектор, диџеј…. Членувал во групите „Дамар“ и „Вентолин“, со која го издава првиот албум.

Од 2001 година работи како музички селектор, под псевдонимот „Прл он Веј“ (Prle Оn Way) и соработува со најдобрите андерграунд кругови во нашата земја.

Почнува се’ повеќе да се интересира за хаус музиката и од 2005 година добива ангажмани да ја пушта по македонските клубови, а подоцна ги вметнува и тапаните (својата прва љубов) во настапите, со што на публиката и приредува перформанс во живо по што станува познат. Во 2001 година заедно со шпанскиот продуцент Дени Чобиа (Dany Cohiba) ја снима песната „Lose Control“, што ја издаде издавачката куќа „Карло Кавали мјузик груп“ (Carlo Cavalli Music Group). Досега успешно соработувал и со други издавачки куќи.