Никола Миланоски – атлетичар и поет

127

Младиот Никола Миланоски од Кичево е и добар атлетичар и поет, зад себе има и неколку трки во Охрид и во Битола, каде што во конкуренција на 222 атлетичари беше меѓу првите триесет. Главна цел за оваа година му е полумаратонот во Скопје, кој треба да се одржи во октомври.
Сепак, посебна слабост му е пишувањето поезија. Како студент ја добива наградата на годинашниот литературен конкурс „Литератопија“, каде што во конкуренција од 500 поети, за својата песна „Чувство на хартија“ ја освои втората награда.

Оваа песна ќе биде дел од неговата прва збирка, која се очекува да излезе до крајот на годинава.
– Атлетиката ме исполнува, но пишувањето поезија ми е душевна храна. Често и додека трчам во себе пишувам нова песна, која потоа ја пренесувам на хартија -вели Никола.