„Нетфликс“ ќе го екранизира „Сто години самотија“ на Маркез

156

Американската телевизиска платформа и продукциска куќа „Нетфликс“ соопшти дека ќе сними телевизиска серија според познатиот роман на Габриел Гарсија Маркез „Сто години самотија“, откако ги доби авторските права од семејството на колумбискиот книжевник.

Првпат досега семејство на познатиот светски писател ги отстапува правата за екранизација на некое негово дело.

Епската приказна „Сто години самотија“ од 1967 година е продадена во над 50 милиони примероци и преведена на повеќе од 40 јазици. Маркез, добитникот на Нобеловата награда за книжевност од 1982 г., почина во 2014 година во Мексико. Се смета за еден од најголемите писатели од шпанското говорно подрачје.
Сѐ уште не е познато кога ќе почне снимањето на серијата.