Необјавени снимки на Мајкл Хачинс

107

Необјавени снимки на Мајкл Хачинс, починатиот лидер на австралискиот бенд „Инексес“, ќе се појават во новиот документарец за познатиот бенд, насловен „Мистификација“, објави „Билборд“.

Документарецот за животот на Хачинс и за текот на неговата кариера премиерно ќе биде прикажан во април, на њујоршкиот филмски фестивал „Трајбек“.

Филмот го режира Ричард Лоунштајн, кој реализира и повеќе спотови на групата „Инексес“.