Нема да бидат поднесени кривични пријави поради смртта на Принс

1008

Поради смртта на американскиот музичар Принс Роџер Нелсон, познат како Принс, нема да бидат покренати кривични пријави, соопшти денеска обвинителот на сојузната американска држава Минесота.

– Едноставно немаме доволно докази некого да обвиниме за злосторство поврзано со смртта на Принс – изјави обвинителот на Округот Карвер, Марк Мец по двогодишната истрага за смртта на поп ѕвездата.

Принс беше пронајден мртов во својот дом во Пејсли парк во Минесота на 21 април 2016 година. Како причина за смртта е наведено предозирање со Фентанил, лек што се користи против болки, но е 50 пати посилно од хероинот.

– Не постојат докази дека таблетите што ги земал Принс биле препишани од лекар – посочи Мец, додавајќи оти има докази оти пејачот мислел дека зема Викодин, лек што му бил препишан, а не медикамент кој содржи потенцијално смртоносен фентанил.