Недa Арнериќ ќе почива во Алејата на заслужни граѓани во Белград

366

Градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ, го даде своето одобрение да се постави урната на познатата српска актерка Неда Арнериќ во Алејата на заслужни граѓани.

– Градот Белград ѝ оддава почит на Неда Арнериќ, нашата голема актерка која во својата кариера оствари значајни улоги и на домашната, но и на меѓународната сцена – рече градоначалникот.

– Таа беше омилена на филмското платно, добитничка на бројни награди во Србија и Југославија и остави трага на филмската уметност на која сите сме горди – додаде Радојичиќ.

Неда Арнериќ почина на 67-годишна возраст.