Нега и убавина

135

Тикток-веѓите се нов моден хит

Глумицата што ја толкува главната улога во новата хит-серија „Еди“, Аманда Стенберг, во своето неодамнешно интервју за магазинот „Вог“, меѓу другото, зборува и за својата козметичка нега и потврди дека и таа посегнала по новиот начин на средување на веѓите што се појави на социјалната мрежа Тикток.
Имено, и таа го избричила крајот на веѓите и тие сега имаат сосема поинаков облик. Тикток-веѓите се појавија неодамна како предизвик на оваа социјална мрежа. Корисниците сега масовно ги бричат веѓите, за потоа да ги нацртаат со креон.
Поентата е избричениот крај на веѓата да се исцрта во вид на рамна линија.

Некои корисници избричиле половина веѓа, некои целите, а други толку се занеле што ги исцртале целите веѓи. На Јутјуб има сѐ повеќе корисници што ги споделуваат своите фотографии со крајниот резултат и новиот тикток-изглед на своите веѓи, но, за среќа, поголемиот број жени, па и мажи, се откажаа од експериментирањето со својот изглед. Она што е позитивно е фактот дека доколку сакате да бидете дел од трендот, не мора да ги бричите веѓите, туку тоа можете да го постигнете само со шминка.