Нега и убавина

148

Употреба на вреќички за чај во козметички третмани

Речиси сите дома имаме вреќички за чај. Доколку сте љубител на оваа напивка, треба да знаете дека овие вреќички може одлично да послужат и за време на вашите домашни ритуали на разубавување. Најчесто чајната вреќичка се користи за намалување на отокот околу очите. Кофеинот во чајот помага за стеснување на капиларите, а тоа го намалува воспалението. За оваа варијанта можете да употребите вреќичка од црн или од зелен чај.

Освен топли, вреќичките можете да ги користите и замрзнати, за ублажување на темните кругови околу очите. По варењето на зелениот чај, внатрешноста од вреќичката можете да ја нанесете на лицето. Зелениот чај содржи антиоксиданси што помагаат во обнова на кожата. Пред сѐ тоа е оксидансот епигалоцатечин галате, што може да има позитивно влијание врз растот на косата. Исто така, можете да додадете неколку вреќички зелен чај во зовриена вода и кога ќе се олади, со неа измијте ја косата. Пред плакнењето оставете да дејствува 10 минути.

Ако имате коњунктивитис или инфекција на очите, можете да ги искористите вреќичките чај од камилица, кои ќе ги ставите на очите. Тоа ќе го намали отокот и ќе ја смири инфекцијата.