Нега и убавина

163

Иако шминката може да биде трајна 24 часа, не значи дека треба да спиете со неа. Без оглед колку сте уморни и мрзливи, не смеете да заспиете со шминка. Особено не кога станува збор за професионална шминка.
Доколку мислите дека не е толку страшно, по овој текст ќе сфатите дека повеќе нема да ја повторите оваа грешка.
– Нечистотија, мрснотија, шминка, честички од околината и од мртвите клетки се собираат на кожата во текот на денот. Ако не го миете лицето пред спиење, тие остануваат на кожата, што предизвикува сувост и други проблеми со кожата – објаснува светски познатиот дерматолог Џошуа Зекнер.

Покрај тоа, спиењето со шминка може да доведе до воспаление, што резултира со црвенило и лупење на лицето, но и чешање. Исто така, постојат акни што еруптираат затоа што кожата не може да дише.
– Само затоа што велат дека шминката може да трае 24 часа, не значи и дека толку долго мора да ја имате на лицето – заклучува овој дерматолог.