Тајните на убавиот изглед на Никол Кидман

230

Нега и убавина

Холивудската ѕвезда Никол Кидман, иако има 53 години сѐ уште изгледа прекрасно, а неодамна на медиумите им откри некои свои трикови за нега, за кои не треба да имате милиони на банкарската сметка.
– Навистина верувам дека секојдневното пиење витамини и здравјето на внатрешните органи влијаат на изгледот на кожата. Моите нокти, веројатно, се нешто најлошо кај мене, секогаш се кршат, па затоа користам витамини за коса, кожа и за нокти, што многу ја подобри состојбата – вели таа.
Таа избегнува да се шминка кога не работи.
– Но затоа ги бојам веѓите и ги виткам трепките, кои ми се долги. Малку сјај на устата и јас можам да излезам – вели актерката.
Она на што Никол Кидман става акцент е секојдневното вадење на шминката пред спиење. Најчесто тоа го прави со влажни марамчиња. Користи креми со заштитен фактор поради светлиот тен, а од негата против стареење користи серум со ретинол пред спиење. Се разбира тука се и здравиот начин на исхрана, спортувањето и семејството од кое црпи позитивна енергија.