Нега и убавина

172

Коса со средна должина е хит оваа есен

Иако долгата коса за многу жени е стандард од кој не отстапуваат, голем број славни дами, како Џенифер Лопез, Карли Клос или Кејти Холмс, на најдобар начин докажуваат дека косата со средна должина е апсолутен хит оваа есен.
Тоа на социјалните мрежи го потврдија и фризерите што се грижат за нивната коса, а еден од нив е Крис Аплтон, кој е одговорен за фризурата на Џенифер Лопез, во чии сигурни раце таа секогаш се препушта. Па, доколку размислувате за освежување на имиџот периодов, нема да згрешите ако по примерот на славните убавици се одлучите за должина на косата до рамениците.

Станува збор за класична должина што никогаш нема да излезе од мода, а освен тоа е женствена и лесна за одржување. Важно е, како што велат стручњаците, косата да се потстриже на слоеви, за да добие волумен.
– Ова, според моето мислење, е совршена должина – напиша познатиот фризер Крис Аплтон под фотографијата на Џенифер Лопез со новата фризура.
Многу е барана и таканаречената неуредна варијанта на боб-фризурата, со лежерен, разбушавен изглед, која со години ја носи британската икона на стилот Алекса Чанг.