Нега и убавина

70

Идеална нијанса на косата според тенот

Освен модните трендови, она што треба да одреди каква боја на коса е актуелна оваа сезона е вашиот тен. Има стандарди што ќе ви помогнат во тоа.
Руса боја – Студените тонови на русата боја на коса одлично им прилегаат на лицата со светол тен и со розов поттон. Нијансите што им одговараат се: платинеста, боја на песок, шампањ, сребрена, бежова и пепел сива боја. Топлите тонови им договараат на лица со светол тен и студен поттон. Оние со темен тен треба да се држат до златни и карамел тонови.
Кафена боја – Топлите нијанси на кафената се за лицата со среден поттон. Тоа се боите на медот, карамелата, махагони или златнокафена нијанса. Постудените нијанси на кафената се за лицата со топол поттон.
Црвена боја – Потоплите нијанси на црвената, јагода боја и бакарна се за лицата со посветол тен и со студен поттон. Постудените нијанси на црвена (огнено црвена и бордо) се за лицата со средно топол поттон.
Црна боја – Студените нијанси на црната боја одлично им прилегаат на лицата со потемен тен. Оние со светла кожа треба да избегнуваат црна боја бидејќи може да изгледаат уморно и испиено и ќе им треба многу повеќе шминка. Потоплите нијанси на црната боја се добри за лицата со потемен тен.