Нега и убавина

79

Црвено вино за чистење на лицето

Црвеното вино има многу афирмативни својства, а едно од нив е фактот дека дејствува позитивно во негата на кожата. Во последно време третмани за чистење на лицето со црвено вино се честа појава, на која ѝ се подложуваат и голем број познати личности.
Експертите препорачуваат користење на црвеното вино како средство за вадење на шминката. Потребни ви се две лажици сок од лимон, две лажици црвено вино и памук со кој ќе го избришете остатокот од шминката. Потоа се препорачува парење на лицето, но и природен пилинг. Сепак, одбегнувајте го пределот околу очите.

Црвеното вино може да се користи и како своевидна маска за лице. Со оглед на ситуацијата и намалениот број посети на козметичките салони, маската од црвено вино може да биде направена и во домашни услови. Потребни ви се лажица мед, лажица јогурт и две лажици црвено вино. Нанесете ја смесата на лицето и оставете ја да стои 20 минути, а потоа измијте се со млака вода.