Нега и убавина – Упорност, бршлен и масажа против целулит

210

За да го победите целулитот, нападнете го од сите страни, но никако со агресивни препарати и третмани. Најдобри и трајни резултати дава комбинацијата на масажа, препарати, вежби и правилна исхрана. Почнете веднаш и без мака ќе блеснете до летото!

Во борбата против портокаловата кора нема скратен пат. Морате да бидете доследни. Целта е да го исфрлите вишокот течност, да ја затегнете кожата, да ги стопите масните наслаги и да го измазните целулитот.

Во салоните за убавина можете да направите неколку различни третмани, кои не се агресивни и со нив нема да ја оштетите ниту кожата, ниту поткожните клетки.
Во овие постапки се применуваат различни типови масажа: рачна и масажа со силиконска ракавица со минијатурни боцки, која ја поттикнува циркулацијата. Се користат препарати што помагаат во разградувањето на маснотиите и ослободувањето на вишокот течност.

Друг вид третман подразбира пакувања за тело, со кои кожата се прочистува, по што следува енергична масажа за враќање на тонусот на мускулите.
За детоксикација се користат пакувања врз база на морски алги, телото се завиткува во ќебе и се грее, при што се ослободуваат токсини и се намалуваат масните наслаги.