На дебелите луѓе им недостига еден витамин

2066

Дебелите луѓе на кои масните наслаги им се таложат околу половината имаат недостаток од витамин Д, откри новата студија кој ја изработи Универзитетот во Амстердам.

Маснотиите во црниот дроб се исто така поврзани со малата изложеност на сончева светлина, но само кај мажите, не и кај жените. Не е јасно дали недостатоткот на витамин Д допринесува за таложење на абдоменалните маснотии или дебелината го редуцира нивото на витаминот Д.

Од претходни студии е откриена важноста на овој витамин, кој како што велат научниците, помага да не се дебелееме и го чува срцето здраво, го поттикнува производството на азотна киселина која го регулира протокот на крв и која спречува нејзино згрутчување.

Резултатите од оваа студија беа презентирани на Европското здружение за ендокринолози на годинешната конференција во Барселона.