На вирусот не се имуни ни богатите и славните

223

Коронавирусот не избира богати или сиромашни, жени или мажи, белци или црнци. Сите луѓе на планетата се потенцијални носители и сечиј живот е изложен на опасност. Пол Имануелсен, шведски фотограф, кој патува насекаде низ светот и автор е на написи за патувања во весникот „Тајмс“ во Шведска, како и автор на неколку книги за Норвешка, Шведска и за Ирска, објави листа на познати личности инфицирани од коронавирус.

Во продолжение е листата:
Софи Трудо, сопруга на премиерот на Канада Џастин Трудо
Надин Дорис, британска министерска за здравство
Актерот Том Хенкс и сопругата Рита Вилсон
Даниел Ругани и Блеис Матуиди од клубот Јувентус
Маноло Габиадини, Омар Коли, Албин Екдал, Мортен Торсби, Антонио ла Гумина, Фабио Депаоли и Бартос Березунски од фудбалскиот клуб Сампдорија
Водачот на Демократската партија на Италија, Никола Зингарети
Филип Јансен, извршен директор на „Бритиш телеком“
Микел Артета, главен тренер на клубот Арсенал
Калум Хадсон-Одои, играч на Челси
Франк Риестер, француски министер за култура
Кристијан Јакоб, претседател на француската Републиканска партија
Единаесетмина француски пратеници
Австралискиот министер за внатрешни работи Питер Датон
Лидерот на водечката десна партија на Шпанија, Вокс Сантијаго Абаскал
Министерката за регионални работи во Шпанија, Каролина Даријас
Градоначалникот на Мајами, Френсис Х Суарез
Душан Влаховиќ, Германецот Пезела и Патрик Ктронен од Фиорентина
Заменик-министерката за образование на Италија, Ана Аскани, од Демократската партија
Циара Гријабаудо, италијански пратеник од Демократската партија
Бегона Гомез, сопруга на премиерот на Шпанија.
Заменик-министерот за здравство на Италија, Пјерпаоло Силери
Кристијан Вуд од Детроит – НБА
Руди Гоберт и Донован Мичел од Јута џез – НБА
Карл фон Хабсбург, Архудукех од Австрија, кралскиот принц на Унгарија, Бохемија и Хрватска
Шефот на музичката група на „Универзал“, Лусијан Грејнџ
Полскиот министер Мајкл Вос
Секретарот за надворешна трговија на Бразил, Маркус Тројојо
Норвешкиот актер Кристофер Хивју
Кевин Дурант и уште тројца играчи на Бруклин Нетс – НБА
Шест лица во клубот Еспањол…
Починат: Антонио Виера Монтеиро, претседавач на Португалската унија на Сантандер банка.
За жал, се очекува во наредниот период списокот да биде уште подолг. Пол Имануелсен апелира до читателите да го дополнат со вистинити податоци на следнава адреса: [email protected]