На аукција се продава првото „ферари“ на Михаел Шумахер

62

Компанијата „Џирардо и Ко“ на аукциска продажба го постави болидот на Ферари „412 Т2“ од 1995 година. Овој автомобил е првиот што Михаел Шумахер го возеше како тест возач на Ферари.

Во 1995 година истиот автомобилот го возеше Жан Алеси, кој оствари една победа и заврши на подиумот уште четирипати. Шумахер во 1996 година официјално стана пилот на Ферари, по што му помогна на тимот да се трансформира во најуспешниот во историјата на Формула 1.

Во 1995 Алеси и Бергер возеа Ферари „Ф310“, а во 1996 Шумахер и Еди Ирвајн дојдоа на нивно место со Ферари „412 Т2“

Герменецот е се уште најуспешниот меѓу Ф1 пилотите со 7 шампионски титули, една повеќе од актуелниот првак, Британецот Луис Хамилтон кој се заканува во следните сезони да го симне Шумахер од пиедесталот.