Најскапи билети за финалето на Евровизија досега

274

Билетите за финалето на Евровизија што ќе се одржи на 18 мај во Тел Авив чинат 1.000 евра. Ова се најскапите билети за едно финале на Евровизија досега, велат евровизиските обожаватели што секоја година одат на музичкото натпреварување. Според нив, Тел Авив е една од најскапите дестинации на коишто се одржувала Евровизија.

Вечерва на Евровизија е второто полуфинале. Тамара Тодевска ќе настапи претпоследна, под реден број 17.

Финалето на годинашниот Евросонг ќе се одржи в сабота, а со две песни ќе настапи и Мадона.